Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Еврогол на Трајковски и ново реми на Палермо

Александар Трајковски постигна еврогол за Палермо, но фаворитот од Сицилија повторно потфрли и го забележа второто реми на почетокот на новата сезона во Серија Б

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна прекрасен гол за Палермо, водечки за екипата од Сицилија против Кремонезе, но клубот за која игра и Илија Несторовски освои само еден бод, со реми 2:2.
Со прецизен удар од двесеттина метри Трајковски во 26. минута го погоди самиот агол на гостинскиот гол и му донесе предност на Палермо. Еден од фаворитите за враќање во Серија А потоа дозволи пресврт, а Кремонезе со два гола во вториот дел поведе со 2:1. Во финишот Мацота со гол го спаси Палермо од пораз, само за ново реми, второ во двете стартни кола во Серија Б.
Трајковски го одигра целиот меч, а на теренот од 72. минута му се приклучи и Несторовски. Првиот напаѓач на македонската репрезентација го почна мечот на клупата за резерви, се очекуваше негов евентуален трансфер во последните мигови од летниот преоден рок, но по се изгледа Илија останува во Палермо.

 

Најнови вести