Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2018

Јувентус рутински во полуфиналето на Купот на Италија

Фудбалерите на Јувентус се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија откако во четврт-финалето во градското дерби беа подобри од екипата на Торино со 2-0 (1-0).

Јувентус од почетокот на дуелот беше поконкретен и поагресивен, особено во нападот, а во 15-тата минута Даглас Коста ја искористи првата шанса да го доведе неговиот тим до водство, по асистенцијата на Дибала.
Коста со тоа го поведе Јувентус кон шестата победа во седумте градски дербија.
Клучниот момент во 238-мото Дерби дела Моле се случи на средината на второто полувреме, кога Хедира стартуваше над Аква, гостите очекуваа преглед од видеоасистентите, а играчите на Јувентус го искористија тоа и во 67-мата минута ја потврдија победата со погодокот на Марио Манџукиќ.
Јувентус во полуфиналето ќе игра со Аталанта, а во другиот полуфинален натпревар ќе се сретнат Милан и Лацио. Првите натпревари од полуфиналето се играат во јануари, додека реваншите се во февруари.

Најнови вести