Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2017

Добри вести за Наполи се враќа Инсиње

По двата пропуштени натпревари, еден од најдобрите фудбалери на Серија А се враќа во погон.

Лоренцо Инсиње повторно тренира со првиот тим на Наполи.
Тој се повреди во текот на натпреварот против Јувентус, во којшто Наполи изгуби со 1-0, ги пропушти натпреварите против Фиорентина и Феенорд, но би можело да се најде во екипата за наредниот натпревар на Наполи.
Инсиње вчера попладне работеше со остатокот на тимот, се пишува дека ќе биде во поставата против Торино во текот на викендот.
Може да се случи дури и да биде во стартните 11, тоа би можело да се дознае по денешниот тренинг на фудбалерите на Наполи.

Најнови вести