Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Серхио, добро ти стојат боите на Сампдорија

Италијанците со задоволство би го виделе Рамос во своите редови

Откако капитенот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Серхио Рамос, на „Инстаграм“ објави фотографии на кои позира во кошула со две нијанси на сина, бела и темноцрвена боја, еден од коментарите дојде од италијанскот фудбалски клуб Сампдорија.
На луѓето од клубот од Џенова им се допадна кошулата на Рамос бидејќи боите на неа се истите како на дресот на Сампдорија. Затоа, луѓето одговорни за профилот на „Твитер“ на Сампдорија на англиски јазик ја споделија сликата од Рамос и се пошегуваа дека на Шпанецот добро му стојат боите на нивниот клуб. 
„Луѓе, сигурни сте дека преодниот рок дефинитивно е завршен? Серхио Рамос би бил одличен во нашите бои“, стои на профилот на Сампдорија, а на веста има голем број лајкови и позитивни коментари. 
Рамос засега не се огласил на оваа тема, но доколку работите „излезат од контрола“, веројатно и тој нема да остане нем за оваа шега и ќе има што да каже. 

 

Најнови вести