Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2018

Боачи и официјално кај Капело

Ричмонд Боачи од денес и официјално е нов фудбалер на кинескиот суперлигаш Џангсу, потврди „Спорт клуб“.

Довчерашниот напаѓач на Црвена ѕвезда потпиша тригодишен договор и ќе заработува околу два и пол милиони евра по сезона.
Дваесет и петгодишниот репрезентативец на Гана вчера во Италија ги помина лекарските прегледи и по завршените формалности, го стави својот потпис на договорот со тимот кој од клупата го води легендарниот Фабио Капело.
„Црвено-белите“ од овој трансфер ќе заработат пет и пол милиони евра и според некои најави, Џангсу уште денес ќе ги уплати парите.
Во кинескиот клуб играат Рамирес, Алекс Тејшејра, Габриел Палета, Бенжамин Муканџо...
Боачи во Црвена ѕвезда дојде во 2017 година како играч на заем од Латина, а клубот набрзо го откупи неговиот договор. Одигра 44 натпревари во сите натпреварувања и постигна 39 погодоци.
Ганецот професионалната кариера ја почна во Џенова, а беше член и на Јувентус, Аталанта, Сасуоло, Елче...
Оваа зима за него интерес покажаа Рен, Бордо, Њукасл и Вест Бромич албион.

Најнови вести