Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2017

Црвена ѕвезда има сериозни проблеми пред патувањето во Казахстан

Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда има големи проблеми пред патувањето во Казахстан поради лошата организација на тамошните луѓе.

„Црвено-белите“ имаат проблеми со добивањето визи за странци (Боачи, Канга, Фримпонг, Руис).
Проблемот настанал поради тоа што Казахстан има амбасада само во Будимпешта, каде што процедурата за издавање визи е 15 дена и мора лично да се оди.
„Црвено-белите“ повеќе пати ги контактирале луѓето во Казахстан, а тие вчера им одговориле дека играчите ќе добијат виза кога ќе слетаат во Астана.
На аеродром е можно да се извади виза само во Астана. Во Павлодар не издаваат визи ниту сакаат да испратат некого од Астана. Луѓето од Казахстан им сугерирале на одговорните во Црвена ѕвезда дека странците треба да ги испратат еден ден порано преку Франкфурт во Астана за да добијат визи.
Астана од Павлодар со воздушна линија е оддалечена околу 400 километри.
Ѕвезда поради ова ја контактирала и УЕФА, која го побарала Фудбалскиот сојуз од Казахстан, но залудно. Од клубот велат дека УЕФА не се интересира премногу за проблемот кој е пред вицешампионот на Србија.
„Црно-белите“ може да дојдат до сериозен проблем поради несериозноста на организацијата, велат до Ѕвезда. Бидејќи во Павлодар се оди на пат долг 5.000 километри, во клубот се во дилема дали би требало да ги водат фудбалерите или не бидејќи не се сигурни дали потоа ќе може да играат против Иртиш.
Фудбалерите на Црвена ѕвезда утре, околу попладне со чартер ќе отидат во Павлодар, додека првиот натпревар од второто коло од квалификациите против Иртиш ќе се игра во четврток, од 16 часот.

Најнови вести