Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2018

Кинезите го отпуштија Капело само по два пораза

Фабио Капело само по три натпревари во кинеската Суперлига, доби отказ во екипата на Џијангсу Сунинг.Екипата на италијанскиот стручњак победи само на еден натпревар, а двата ги изгуби.

Тимот за којшто сè уште нема дебитирано Ричмонд Боачи, добро ја почна сезоната бидејќи во првото коло славеше против Гуижоу со 3-1. Потоа следуваше поразот со 2-1 од Пекинг Гуоан на домашен терен, додека вистинска катастрофа Капело ја доживеа на гостувањето кај Чонгчјинг со 4-2.
На Капело отказот му го врачија сопствениците на „Сунинг груп“, која е сопственик и на Интер од Милано.
Многу кинески и италијански медиуми пишуваат дека Капело ќе остане без работа во текот на денот. Италијанскиот стручњак беше селектор на руската репрезентација од 2012 до 2015 година, што му беше последно работно место пред да отиде во Кина. Претходно Фабио Капело четири години беше селектор на репрезентацијата на Англија, а ги водеше и Реал Мадрид, Јувентус, Милан и Рома.

Најнови вести