Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2017

Кинески тим во Германската регионална лига

Во рамките на подготовките за Олимписките игри во Токио 2020 година, Кинезите решиле еден тим да испратат во Германија, во прилог им беше тоа што регионалната лига Југозапад моментно брои 19 екипи, а сега ќе бидат 20.

Фудбалскиот сојуз на Германија и Фудбалскиот сојуз на Кина се договорија една кинеска екипа (У20) наредната сезона да игра во четвртиот ранг на германскиот фудбал. Станува збор за регионалната лига Југозапад, една од петте четврти лиги.
Кинезите на тој начин решиле што подобро да се подготват за Олимписките игри во Токио 2020 година.
Регионалната лига Југозапад моментно има 19 екипи, а сега ќе бидат 20, па никој нема да мора да паузира. Сите екипи се согласиле, а Фудбалскиот сојуз на Кина за тоа ќе им плати 15.000 евра по натпревар, а ќе се игра во Германија.
„Клубовите се согласија со оваа иницијатива. Влегувањето на кинеската екипа на никој начин нема да ја наруши регуларноста на натпреварувањето. Сите ќе имаат корист од ова“, изјави Феликс Видеман, директорот на регионалната лига Југозапад.
Кинеската лига ќе биде регуларен учесник на Лигата, но нема да може ниту да испадне ниту да влезе во повисок ранг.