Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2016

Ни во Челзи ни во Ливерпул, Тејшејра оди во Кина

Како што беше и најавено Алекс Тејшејра не оди ниту во Челзи ниту во Ливерпул, туку заминува во Кина.

„Вистина е, го продадовме Тејшејра во Кина“, изјави тренерот на Шахтар, Мирчеа Луческу. Едноставно ни Украинците, а ниту пак Бразилецот не можеа да ја одбијат понудата на кинескиот Џиангсу.
Шахтар на име обесштетување ќе инкасира 50.000.000 евра што е многу повеќе од она што во јануари го нудеа Челзи и Ливерпул. Тејшејра во Кина ќе стане 10-ти најплатен играч на светот, кога ќе се одбие данокот тој ќе заработува по 10.000.000 евра по сезона!
Пред него се Роналдо, Меси, Ибрахимовиќ, Милер, Џексон Мартинез, Сантијаго Силва, Руни, Бејл и Ди Марија. Само да потсетиме пред него Џиангсу го доведоа Рамирес од Челзи за 33.000.000 евра, го сакаа и Луиз Адријано од Милан и Жервињо од Рома, но Бразилецот се врати со незавршена работа поради банкарските гаранции, додека пак Африканецот отиде во Хебеј.
Но, како што најавуваат од Кина, ова не е крај, туку само почеток на доведувањето на големи имиња, а нивниот преоден рок сè уште трае.

Најнови вести