Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2016

Марчело Липи нов селектор на Кина

Марчело Липи, поранешниот тренер на Јувентус и на Интер, ќе ја преземе репрезентацијата на Кина, пренесоа италијанските медиуми.

Липи, кој со репрезентацијата на Италија го освои Светското првенство 2006 година, работеше во Кина од 2012 до 2014 година и за тоа време освои: три шампионски титули со клубот Гвангжу Евргранде, Купот 2011 година и Лигата на шампионите на Азија во сезоната 2012/13.
Како што пренесе „Кориере дело спорт“, шеесет и осумгодишниот Липи е подготвен да се врати во Кина и да ја преземе репрезентацијата на таа земја.
Се наведува дека и покрај тоа што Липи постигнал договор со Гвангжу, управата на клубот му дозволила на Италијанецот да се договори со Сојузот за условите за работа како селектор на Кина.

Најнови вести