Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2016

Бројките сè полуди – и Ди Марија во Кина?

Аргентинецот Анхел ди Марија, фудбалерот на ПСЖ, би требало да ја продолжи кариерата во неименуван кинески клуб за 80 милиони евра.

Француските медиуми наведуваат дека Кинезите сериозно се заинтересирале за Ди Марија, чија кариера е во пад во последните две сезони
Дваесет и осумгодишниот Ди Марија потекнува од Росарио сентрал, потоа играше за Бенфика, а во 2010 година направи трансфер во Реал Мадрид.
Тој со Реал ги освои: Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, шпанската Лига, два пати Кралскиот куп и Суперкупот на Шпанија.
Аргентинецот во 2014 година направи трансфер во Манчестер јунајтед, каде што помина една сезона, а од 2015 година е член на ПСЖ, но никогаш не ги оправда очекувањата на челниците на францускиот клуб.
Тренерот Унаи Емери е незадоволен од неговите игри, а веќе му е порачано дека може да бара нов клуб. Жорж Мендеш, менаџерот на аргентинскиот фудбалер, веќе договара трансфер во еден кинески клуб.

Најнови вести