Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
10.7.2018

Буфон се лаже самиот себеси: Лигата на шампионите не ми е опсесија

Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон на претставувањето во ПСЖ изјави дека Лигата на шампионите не му е опсесија.

Но, Лигата на шампионите е еден од неколкуте трофеи кои му недостасуваат во кариерата, па доаѓањето во еден од најдобрите клубови на светот е јасен знак што му била инспирацијата.
Буфон минатата недела потпиша договор со ПСЖ, по 17 години поминати во Јувентус, во текот на кои стана еден од најдобрите голмани на светот.
„Лигата на шампионите не ми е опсесија, не му е ниту на ПСЖ. Мислам дека на новиот клуб можам да му помогнам да порасне и да ги оствари важните цели“, изјави Буфон пред новинарите во Париз.
Шампионот на Франција потроши повеќе од милијарда евра откако го презедоа катарските инвеститори во 2011 година, но освен домашните трофеи, повеќе нема ништо освоено.

Најнови вести