Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
06.7.2018

Буфон во понеделник потпишува за ПСЖ

Џанлуиџи Буфон, поранешниот голман на Јувентус, во понеделник, на деветти јули, ќе потпише договор и официјално ќе биде претставен како нов член на ПСЖ, пренесува „Л’Екип“.

Раководството на францускиот шампион претходно постигна договор со 40-годишниот легендарен италијански чувар на мрежата, но сепак останаа да се дефинираат неколку детали.
Буфон утре ќе ги помине лекарските прегледи, а два дена подоцна ќе потпише двегодишен договор за плата од седум милиони евра по сезона. Тоа е повеќе од двојно од она што го заработуваше во клубот од Торино.
Исто така, Буфон ќе биде амбасадор на Светското првенство 2022 година во Катар.
Италијанецот од 2001 година, кога дојде во клубот, со Јувентус освои 19 трофеи, а „старата дама“ ја напушти откако му истече договорот.

Најнови вести