Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
30.5.2018

ПСЖ му нуди на Роналдо 45 милиони евра годишно

ПСЖ е одлучен во намерата да го ангажира Кристијано Роналдо, а за неговата годишна плата е подготвен да издвои 45 милиони евра.

Парижаните сакаат да го искористат незадоволството на Роналдо во Реал и според примањата да го изедначат со моментно најплатениот фудбалер Лионел Меси од Барселона. Португалецот сега во Мадрид секоја година заработува по 21 милион евра.
Роналдо веднаш по освојувањето на трофејот на Лигата на шампионите најави дека е можно да си замине од Мадрид, но потоа на прославата по повод освојувањето на Лигата на шампионите им порача на навивачите: „се гледаме и следната година“.
Шпанскиот весник „Ас“ пишува дека откупната клаузула за Португалецот изнесува една милијарда евра, а дека ПСЖ за трансферот е подготвен да понуди само 150 милиони.
Екипата од Париз сака да направи фантастичен напад со Нејмар, Мбапе и Роналдо, а за да не го наруши финансискиот фер плеј, подготвена е да ги продаде Единсон Кавани, Анхел ди Марија и Гонсало Гедеш.
Досега се шпекулираше дека тандемот Роналдо–Нејмар би можело да биде во Мадрид, но ПСЖ има поинакви амбиции и само во неколку дена сè се сврти обратно.

Најнови вести