Корисничко име Лозинка Пријави се
11.2.2017

Кинезите ќе го преземат Милан на 3-ти март

Кинескиот конзорциум „Сино-Европа“ спорт по неколку одложувања конечно на 3-ти март ќе го преземе италијанскиот гигант Милан.

Кинезите меѓу 20-ти и 27-ми февруари ќе префрлат 320 милиони евра на компанијата „Фининвест“ и на претседателот на „росонерите“ Силвио Берлускони и со тоа ќе го преземат мнозинскиот пакет акции по авансот од 100 милиони евра.
Новите сопственици се обврзаа дека додатни 100 милиони евра ќе вложат во инфраструктура на клубот, а иста сума ветија и за трансфери во летниот преоден рок.
Целата купопродажба требаше да биде завршена уште во декември минатата година, но беше одложена поради некои одлуки на Владата на Кина.
Следниот состанок на двете страни е закажан на 1-ви март, а сè би требало да биде комплетирано два дена подоцна.
На тој начин двата гиганти од „Сан Сиро“ ќе имаат кинески сопственици, откако Интер претходно го презема „Сунинг групацијата“.

Најнови вести