Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2015

Кинези купуваат 56% од Еспањол

Една кинеска компанија преку својата филијала во Хонг Конг ќе купи 56% од акциите на шпанскиот прволигаш Еспањол, пренесоа светските новински агенции.

Износот на трансакцијата се проценува меѓу 14,3 и 17,8 милиони евра. Според новинските написи, компанијата „Растар груп“, која се бави со моделирање на автомобили и трговија со сировини, ветила дека во каталонскиот клуб ќе вложи во инфраструктурата во износ од 45 милиони евра.
Еспањол минатата сезона ја заврши на десеттото место во шпанската Примера, а во оваа после 10 одиграни кола е на истата позиција со 13 освоени бодови.
Клубот последен пат на европската сцена играше во сезоната 2006/07 по освојувањето на шпанскиот Куп на кралот, кога стигна до финалето на Купот на УЕФА каде беше поразен од Севилја по изведувањето на пенали (1-3).

Најнови вести