Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2018

Морено го сруши Реал во продолжението

Во првиот натпревар од 26-тото коло на Ла Лига, Еспањол во Барселона го совлада актуелниот шампион Реал Мадрид со 1-0, и судејќи според сè, дефинитивно го елиминира од трката за одбрана на титулата.

Домаќинот целосно заслужено дојде до триумфот, бидејќи во целост го надигра фаворизираниот противник. Зинедин Зидан одлучи во овој натпревар да го одмори Кристијано Роналдо, а од стартот не играше ниту Карим Бензема. Еспањол постигна гол уште во 30-тата минута, кога Морено ја затресе мрежата, но беше поништен поради офсајд, којшто не постоеше.
Морено потоа пропушти три големи шанси, но како победник секогаш излегуваше Кејлор Навас. Но, во 92-рата минута не беше така, Морено го постигна неговиот 11-ти гол во сезоната и на Еспањол му ги донесе трите бода.
По овој пораз, Реал останува на третата позиција со 51 бод, дури 14 помалку од Барселона и натпревар помалку. Еспањол го дели 12-тото место со Атлетик Билбао со 31 бод.
Во другиот натпревар, Хирона со голот на Порту во 14-тата минута ја совлада Селта и сега е седма на табелата со 37 бода, два помалку од шестопласираната Севилја, што значи дека го има местото кое води во Лигата на Европа. Селта се наоѓа на деветтото место со два бода помалку.

Најнови вести