Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2018

Суарез надвор од теренот поради повреда

Денис Суарез, играчот за врска на Барселона, ќе отсуствува од теренот во наредните 15-20 дена поради истегнување на мускулот на левата нога.

Суарез се повреди во средата, во првото полувреме на финалето на Суперкупот на Каталонија против Еспањол. Барселона победи по подоброто изведување на пеналите 0-0 (4-2).
Младиот Шпанец во наредниот период ќе ги пропушти натпреварите во Ла Лига против Малага, Атлетико и Севилја, а нема да може да им помогне на соиграчите ниту во реваншот од Лигата на шампионите на 14-ти март, кога на „Камп ноу“ ќе гостува Челзи.
Суарез во Барселона дојде од Вилјареал во 2016 година, а оваа сезона одигра 18 натпревари, постигна три гола и имаше три асистенции.

Најнови вести