Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2017

Траоре за бронза за Буркина Фасо

Репрезентацијата на Буркина Фасо го освои бронзениот медал на Купот на Африканските Нации со победата од 1-0 над Гана на натпреварот за третото место.

Решавачкиот гол го постигна Алан Траоре во 89-тата минута. Дваесет и деветгодишниот напаѓач на Кајзериспор постигна спектакуларен гол и на својот тум му помогна да стигне до вториот медал на последните три континентални собири (во 2013 Буркина Фасо беше втора).
Траоре изведе слободен удар од аголот на шеснаесетникот од десна страна и прати вистински проектил во горниот лев агол на чуварот на мрежата на Гана Офори со што ги казни нереализираните шанси на Џордан Ају, Бади и Текпетеј.
Гана е четвртопласирана на турнирот по трет пат на последните четири настапи, но Буркина Фасо има за што за жали затоа што во полуфиналето беше елиминирана од Египет по пенали.
Финалето меѓу Египет и Камерун се игра вечерва во 20 часот.

Најнови вести