Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2017

КАН – Домаќинот во аут, Буркина Фасо и Камерун во нокаут-фазата

Завршени се сите натпревари во групата А на Купот на африканските нации, домаќинот на турнирот, селекцијата на Габон го заврши натпреварувањето.

Вчера беа одиграни последните натпревари во групата А, Буркина Фасо како првопласирана ќе игра во наредната фаза, а Камерун како втор.
Селекцијата на Буркина Фасо ја совлада Гвинеја Бисао со 0-2 (0-1) и со тоа избори пласман во наредната фаза од првото место во групата А.
Во натпреварот против Гвинеја Бисао, Накулм го постигна првиот погодок во 12-тата минута од средбата, додека Бертран Траоре, фудбалерот на Челзи кој игра на заем во Ајакс, го постави конечниот резултат во 56-тата минута.
Во другиот натпревар од третата рунда на групната фаза одигран синоќа, се сретнаа Камерун и Габон, а на таа средба немаше голови.
Исходот од таквиот резултат е дека Камерун ќе игра во следната фаза од второто место, додека Габон остана на третото место и со тоа го заврши натпреварувањето. Интересно е тоа што селекцијата на домаќинот на овогодишното издание на КАН не изгуби ниту една средба, туку одигра три ремија, а пласманот ја чинеше оној со Гвинеја Бисао, која со ремито со Габон го освои својот единствен бод.

Најнови вести