Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2016

Кинезите му нудат на Балотели 18 милиони годишно

Марио Балотели би можел да биде новото засилување во кинеската Супер лига бидејќи добил понуда од Џијангсу Сунинг од 8 милиони евра годишно, пренесува „Дејли експрес“.

Како што се наведува, Милан нема намера да го откупи неговиот договор на позајмен играч од Ливерпул, а ниту клубот од „Енфилд“ нема сериозни планови со контроверзниот напаѓач, па Кина се споменува како реална дестинација.
Балотели на тој начин би можел да го отвори жешкиот кинески летен пазар, кој почна во јануари кога за трансфер во тамошниот фудбал се определија Џексон Мартинез, Алекс Тејшејра, Рамирес, Езекиел Лавеци...
Балотели оваа сезона постигна само три голови на 16 натпревари за „росонерите“ во сите натпреварувања.
Џангсу во моментов на располагање има четири Бразилци: Тејшејра (Шахтар, 50 милиони евра), Рамирес (Челзи, 28 милиони), Самир (Хетафе, четири милиони) и Жо (Ал Шабаб, без обесштетување).

Најнови вести