Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2016

Завршија 31-вите Олимписки игри во Рио де Жанеиро

Церемонијата на затворањето на 31-вите Олимписки игри во Рио де Жанеиро ја одбележа тропска бура, која донесе чувство на меланхолија и олеснување по многуте контроверзии и проблеми кои ја проследија Олимпијадата во Јужна Америка.

Рио де Жанеиро успеа да ги надмине почетните проблеми со празните места на стадионите, стравот за безбедноста и мистериозната појава на зелената вода во базенот за скокови и затворањето да го прослави карневалски.
На манифестацијата на легендарниот стадион „Маракана“ многу танчари на самба, пејачи и тапанари беа измешани со стотици спортисти, а завршниот огномет го осветли небото над Рио де Жанеиро.
Бразилците беа среќни на церемонијата поради тоа што нивните олимписки тимови ги освоија златните медали во двата омилени национални спортови - фудбалот и одбојката за мажи.
Олимпискиот тим на САД освои 121 олимписки медал во Рио, од кои 46 златни, а тоа се десет повеќе од освоените медали на САД на Летните олимписки игри во Пекинг во 2008 година. Кошаркарската селекција на САД во последниот натпревар на Игрите го освои 46-от златен медал откако ја победи Србија. На второто место е тимот на Велика Британија со 67 освоени медали, од кои 27 се златни. Кина освои вкупно 70 медали, но помалку златни од Британците, па е трета во генералниот пласман. На четвртото место се пласира Русија со 56 медали, од кои 19 златни.

 

Најнови вести