Корисничко име Лозинка Пријави се
08.9.2016

Липи во Гвангжу Евергранде најплатен тренер на светот

Кинеските фудбалски клубови одамна веќе не се шегуваат кога е во прашање доведување играчи и тренери. Уште едно големо тренерско име стигнува во Кина, поточно се враќа во оваа земја.

Марчело Липи беше директор на Гвангжу Евергранде, а сега во клубот се враќа како тренер, за што се зборуваше веќе неколку дена. Како спортски директор со Евергранде три пати беше шампион на Кина, а ја освои и азиската Лига на шампиони, па со тоа стана прв тренер во историјата кој бил шампион на Европа и на Азија во клупска конкуренција, а со репрезентацијата на Италија беше светски шампион.
Пред две години се зборуваше дека ќе го замени Синиша Михајловиќ на клупата на Милан, потоа имаше шпекулации дека ќе биде технички директор на „аѕурите“, но ништо од тоа не стана вистина.
Сега потпиша тригодишен договор со Евергранде и стана најплатениот тренер на светот бидејќи за тоа време ќе заработи 60 милиони евра, колку што нема ниту Пеп Гвардиола.

Најнови вести