Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2017

Келн именуваше нов генерален менаџер

Фудбалскиот клуб Келн го именуваше Армин Фе за нов генерален менаџер. Келн наведе дека Фе ќе го преземе тимот во понеделник, на 11-ти декември и дека ќе потпише договор до 30-ти јуни 2020 година.

Келн претходно оваа седмица го смени тренерот Петер Штегер, а на денешниот натпревар против Црвена ѕвезда во Белград клубот ќе го предводи Штефан Рутенбек , до неодамна тренер на младите категории.
Армин Фе има богато искуство во Бундеслигата. Тој како тренер на повеќе од 600 натпревари ги водеше, меѓу останатите,  Ајнтрахт, Хамбургер и Штутгарт, со кого беше шампион на Германија во 2007 година.
Келн е последен на табелата на Бундеслигата само со три освоени бода од 14 натпревари.
Во Лигата на Европа има шест бодови, колку што има и Црвена ѕвезда, па тие два клуба денес, од 21.05 часот ќе се борат за пласман во шеснаесетфиналето.

Најнови вести