Корисничко име Лозинка Пријави се
05.10.2017

Антиќ: Ја чувам палката за помладите ако не бидат послушни

Нашиот кошаркар Перо Антиќ изјави дека би сакал и во Македонија да постои проект каков што е Црвена ѕвезда.

Искусниот крилен центар ги одигра првите минути од враќањето во редовите на шампионот на Србија и на АБА-лигата во победата против Мега Бемакс (90:80).
Освојувачот на Евролигата со Фенербахче минатата сезона и со Олимпијакос во 2012 и 2013 постигна десет поени и имаше одличен шут за три поени (3/4).
„Ова е прв натпревар по четири месеци, среќен сум. Можам да бидам задоволен од натпреварот, три тројки од четири обиди не е лошо. Шутот е единствената работа која секогаш ме служи...“, изјави 35-годишниот играч.
Покрај партиите на паркетот, улогата на Антиќ во младиот тим на Ѕвезда е, како најстар играч во тимот (постар од тренерот Алимпиевиќ), да ги држи работите под контрола.
„Имам палка за бејзбол во орманот, така што ако младиве не ме слушаат... Се шегувам, секако. Тие се одлични момчиња, со сериозен талент. Овој проект на Ѕвезда е исклучителен, се надевам дека и во Македонија ќе имаме нешто слично“, додаде Антиќ.
„Црно-белите“ по две одиграни кола во АБА-лигата, имаат две победи, а на 13-ти октомври ги очекува првиот натпревар од Евролигата, против Жалгирис во Каунас.

Најнови вести