Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2014

Ѕенга го менува Земан на клупата на Калјари

Фудбалскиот клуб Калјари поради лошите резултати, одлучи да го отпушти тренерот Зденек Земан, денес пренесоа италијанските медиуми.

Според пишувањата на „Спорт медиасет“, за нов шеф на стручниот штаб ќе биде именуван поранешниот тренер на Палермо, Катанија и на Црвена ѕвезда, Валтер Ѕенга.
Калјари првиот дел од сезоната во Серија А го заврши во зоната на испаѓање, на 18-тото место, само со 12 освоени бодови во 16 натпревари.

Најнови вести