Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2017

Борусија го пушта Суботиќ во Келн

Српскиот фудбалер Невен Суботиќ кариерата ќе ја продолжи во Келн, пренесува „Билд“.

Суботиќ во последните две сезони одигра само 11 натпревари за Борусија од Дортмунд поради проблеми со повреди.
„Милионерите“ одлучија да го пуштат без оштета да оди во друг клуб благодарни за неговата игра од доаѓањето од Мајнц во 2008 година.
Германските медиуми пренесуваат дека Суботиќ вчера успешно го одработил тимскиот тренинг на Борусија кај Томас Тухел, што е знак дека закрепнал од повредата на коленото.
Денес во Келн ќе ги направи лекарските прегледи и ќе го потпише договор со клубот.

Најнови вести