Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2018

Обамејанг суспендиран, следната станица Лондон?

Борусија Дортмунд вчера го суспендира најдобриот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг поради непочитување на клупската дисциплина, кој, според пишувањата на германските медиуми, во зимскиот преоден рок би можело да го засили Арсенал.

„Милионерите“ вчера, во 18-тото коло од Бундеслигата одиграа без голови со Волсфбург. На теренот го немаше Обамејанг, кој оваа сезона во германскиот шампионат постигна 13 голови, а во сите натпреварувања сезонава даде 21 гол.
Одамна се шпекулира за трансфер на Габонецот во друг клуб, но сега сè дојде до точката на вриење.
Обамејанг ја прекрши клупската дисциплина по втор пат во сезоната, па поради тоа што го пропушти тимскиот состанок во саботата, подоцна беше суспендиран.
„Ние едноставно не можеме да толерираме такво однесување. Јас не знам што има сега во неговата глава. Секогаш беше професионалец. Не сакам да учествувам во медиумските шпекулации, но вака не оди понатаму“, изјави Михаел Цорк, спортскиот директор на Борусија.
Секогаш се шпекулира во медиумите, а тие објавија дека габонскиот напаѓач ќе оди во Арсенал, каде што ќе го заземе местото кое ќе се ослободи со неминовното заминување на Алексис Санчес.

Најнови вести