Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2018

Дортмунд го претстави најскапиот дефанзивен играч во историјата

Фудбалскиот клуб Борусија од Дортмунд го претстави новото засилување.

Станува збор за 22-годишниот стопер Мануел Аканџи. Германскиот „Билд“ пишува дека Дортмунд на Базел му исплатил оштета од 25 милиони евра.
Германците во првата тура ќе мора да платат 21.500.000, а остатокот како бонуси.
Нигериецот со тоа стана најскап дефанзивен играч во историјата на Борусија Дортмунд.
Се очекува Аканџи веднаш да игра во првата постава бидејќи клубот веќе подолго време мака мачи во последната линија на тимот.

Најнови вести