Корисничко име Лозинка Пријави се
11.12.2017

Борусија го отпушти Бос, дојде поранешниот тренер на Келн

Борусија Дортмунд по серијата лоши резултати, го отпушти тренерот Петер Бос, а клупата на „милионерите“ ја презеде Петер Штегер, поранешниот шеф на стручниот штаб на Келн.

Бос во Дортмунд дојде летоска од Ајакс, кого го водеше до финалето на Лигата на Европа, но Борусија досега ја доведе до седмото место во Бундеслигата.
Неговата екипа во последно време не знае за победа, а ниту Келн под водство на Штегер не се прослави. „Јарците“ се последни на табелата, а испаднаа од Лигата на Европа.
Но, на клупата на Борусија мораше нешто да се менува.
„Синоќа разговаравме со Петер и одлучивме дека е најдобро да го отпуштиме од тоа место. Се разделивме во најдобри можни услови за двете страни и сакам да му се заблагодарам на Петер, кого и понатаму го сметаме за одличен тренер и личност“, изјави Ханс-Јоаким Вацке, извршниот директор на Борусија.
Борусија нема лигашка победа од септември, кога славеше со 2-1 против Аугсбург. Што може тимот против Вердер накратко покажаа Обамејанг, Шмелцер и Кагава во саботата со голот за 1-1, но Борусија и тука на крајот беше поразена со 2-1.
Лошата серија во сите натпреварувања без победа сега е продолжена на девет натпревари. Штегер можноста да го води тимот од Дортмунд ја оцени како животна.

Најнови вести