Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2017

Рутенбек до крајот на сезоната на клупата на Келн

Фудбалскиот клуб Келн денес соопшти дека Штефан Рутенбек ќе биде тренер на клубот до крајот на сезоната.

„Келн е мојот клуб. Мојот тим и јас ќе дадеме сè што е во наша моќ да им пристапиме на наредните натпревари како да се финални за да го одржиме жив сонот за останување во Бундеслигата“, изјави Рутенбек.
Тој на клупата на Келн дојде откако на трети декември Петер Штегер доби отказ и тој беше привремено решение.
„Рутенбек и неговиот стручен штаб успеаја да ме убедат со нивната работа досега, добро го подготвија тимот, пронајдоа вистински зборови и дадоа решенија во тешките моменти. Ја имаат мојата доверба и затоа одлучивме да продолжиме со овој тренерски тим“, изјави спортскиот директор Армин Фе.
Рутенбек претходно беше тренер на младите категории на Келн.
Келн и понатаму е на последното место на табелата на Бундеслигата, но минатиот викенд ја оствари првата победа во домашниот шампионат во 17-тото коло.

 

Најнови вести