Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2012

Холгер Станиславски нов тренер на Келн

Нов тренер на фудбалерите на Келн, кој идната сезона ќе игра во втората Бундеслига, ќе биде Холгер Станиславски, потврдија од клубот.

Оваа сезона 42-годишниот Германец го водеше Хофенхајм. Отказ доби во февруари само по шест месеци работа.
Должноста ќе ја преземе на 16-ти јуни, но не е познато колку долготрајна соработка потпиша.
Дотогаш клупското раководство ќе го реши прашањето околу играчкиот кадар за идната сезона.

Најнови вести