Корисничко име Лозинка Пријави се
01.5.2012

Лукаш Подолски во Арсенал

Веста за која англиските и германските медиуми шпекулираа подолго време вчера доби официјална потврда – Лукаш Подолски на крајот на сезоната ќе премине од Келн во Арсенал.

Информацијата ја објавија двата клуба преку своите интернет-страници, притоа не откривајќи ниту колку изнесува оштетата ниту на колку години потпиша договор германскиот фудбалер.
„Преминувањето во Арсенал ми нуди неверојатна шанса да стекнам искуство во меѓународни натпреварувања во врвен европски клуб. Одлуката не ја донесов против Келн, туку за доброто на својот фудбалски развој. Не ми беше лесно бидејќи за мене овој клуб, навивачите и градот се нешто посебно. Секогаш ќе го носам Келн во срцето и ќе дадам сè од себе за да му помогнам во борбата за опстанок во Бундеслигата“, нагласи напаѓачот на германската репрезентација.
Дваесет и шестгодишниот Подолски кариерата ја почна во Келн од кого во 2006 година премина во Баерн Минхен. Но по три не многу успешни сезони се врати во матичниот клуб, за кого оваа сезона во бундеслигашките натпревари постигна 18 голови и осум асистенции.

Најнови вести