Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2014

Келн се врати во Бундеслигата

Фудбалерите на Келн на свој терен го победија Бохум со 3-1 и со тоа си обезбедија враќање во Бундеслигата по две години во „Цвајта“.

Бохум поведе со автоголот на Адам Матушчик во 42-рата минута, а во второто полувреме изедначи замената Марсел Рисе. Патрик Хелмес погоди за 2-1 од пеналот кој беше досуден откако Јонас Аквистапас, стоперот на Бохум, беше исклучен.
Рисе асистираше и Ентони Уџа во 81-вата минута погоди за 3-1 и петта последователна победа на Келн.
Келн испадна во втората лига во последното коло од сезоната 2011/12, а сега има десет бодови предност над Гројтер Фирт на три кола пред крајот.
Од втората лига, двата првопласирани тимови одат во Бундеслигата, додека третиот игра бараж со 16-от од првата лига.


Најнови вести