Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2012

Ренсинг во Баер Леверкузен

Бундеслигашот Баер Леверкузен потврди дека потпиша едногодишен договор со 28-годишниот голман Михаел Ренсинг.

Некогашниот стандарден член на младата германска фудбалска репрезентација меѓу „фармацевтите“ дојде како слободен играч бидејќи во мај доби отказ во Келн, кој веќе не можеше да го плаќа по испаѓањето во втората лига.
„Во Ренсинг добивме искусна и врвна алтернатива за нашиот прв голман Бернд Лено. Неговото доведување беше потребно со оглед на високите амбиции што ги имаме во три натпреварувања оваа сезона“, истакна Волфганг Холцхојзер, директорот на Баер.
Ренсинг е плод на фудбалската школа на Баерн, во којшто беше резервен голман сè до 2010 година, кога премина во Келн.

Најнови вести