Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2012

Бабел го суспендира Салиховиќ на два меча

Маркус Бабел, тренерот на Хофенхајм, го суспендира Сејад Салиховиќ, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, на два натпревари.

Поради дисциплински причини Салиховиќ нема да конкурира за првиот тим на Хофенхајм за дуелите со Келн и Баерн Минхен. Бабел не објасни каков прекршок направил Босанецот, но напомна дека за време на оваа суспензија тој ќе има шанса да тренира со младиот погон на тимот.
„Откако ќе се врати во првиот тим, ќе може да се бори за место во екипата како и секој друг фудбалер“, рече Бабел.
Салиховиќ се покажа како клучен играч за Хофенхајм, организирајќи ја средината на теренот, а во четиринаесет настапи постигна шест погодоци.

Најнови вести