Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2012

Холанѓаните без првиот голман против Унгарија

По успешното репрезентативно деби во петокот, во квалификациската победа од 2-0 против Турција, Тим Крул, голманот на Холанѓаните, поради повреда на лакотот ќе ја пропушти утрешната средба против Унгарците.

Луис ван Хал, новиот селектор на Холандија, направи доста промени во екипата во однос на кадарот што настапуваше на Европското првенство, а една од тие промени се случи и на голот, каде што Мартен Стекеленбург беше заменет со Тим Крул, чуварот на мрежата на Њукасл.
Крул против Турција за прв пат бранеше во еден натпреварувачки натпревар на голот на националната селекција.
Голманот на Њукасл вчера го напушти тренинг-кампот на „лалињата“ поради повреда на лакотот, па на голот повторно ќе застане Стекеленбург, а Ван Хал во составот го приклучи и 21-годишниот Јерун Зут од холандскиот прволигаш РКЦ Валвијк.

Најнови вести