Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2018

Ван Дајк ја наследи капитенската лента од Робен

Вирџил ван Дајк, дефанзивниот играч на Ливерпул, поставен е за нов капитен на репрезентацијата на Холандија.

Ван Дајк, кој има 27 години и досега за националниот тим играше шест пати, капитенската лента ја наследи од Арјен Робен.
Фудбалерот на Баерн се повлече од репрезентацијата по неуспехот на квалификациите за Светското првенство 2018.
„Ова е одлична вест за мене и за моето семејство. Многу сум среќен, голема чест е да се биде капитен на репрезентацијата на својата земја“, изјави Ван Дајк.
Селекторот Роналд Куман како негови заменици ги одреди Жоржињо Вејналдум, Кевин Стротман и Дејли Блинд.

Најнови вести