Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
17.10.2017

Њукасл ставен на продажба

Мајк Ешли, сопственикот на Њукалс, изјави дека го продава тој англиски клуб.

Во текот на десетгодишното владеење на Ешли, Њукалс во два наврати испадна од Премиер лигата (во 2019 и во 2016 година). Екипата минатата сезона се врати во Премиер лигата, а по осум одиграни кола, се наоѓа на деветтото место.
„Њукасл бара јасна насока и пат до одлична и успешна иднина“, се наведува во соопштението на англискиот клуб.
Откако го купи клубот во 2007 година , Ешли внесуваше раздор на „Сент Џејмс парк“, а дел од навивачите редовно протестираа поради начинот на којшто 53-годишниот бизнисмен управуваше со клубот. Тој плати 134 милиони фунти за сто отсто од акциите на „црно-белите“.
Ешли изјави дека е време за промени и дека нема финансиска моќ да се натпреварува со клубовите каков што е Манчестер сити.
Неговиот адвокат наведе дека планот е клубот да се продаде до Божиќ.
Ешли претходно во два наврати објави дека го продава клубот. Прв пат во септември 2008 година, по серијата протести на навивачите поради отпуштањето на тренерот Кевин Киген, но се премисли во декември.
Откако клубот испадна во Шампионат лигата во мај 2009 година, Ешли повторно објави дека сака да го продаде, а пет месеци подоцна го повлече клубот од пазарот.

Најнови вести