Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2016

Ватфорд го доведе Јанмат од Њукасл

Дарил Јанмат, досегашниот фудбалер на Њукасл, потпиша четиригодишен договор со Ватфорд.

Финансиските детали на договорот не се соопштени, но британските медиуми наведуваат дека Ватфорд за холандскиот фудбалер платил 7,5 милиони фунти.
„Навистина ми е мило што сум овде, за мене ова е нова авантура. Бев многу задоволен кога Ватфорд покажа интерес за мене бидејќи сакав да играм во Премиер лигата“, изјави Јанмат.
Тој додаде дека Њукасл минатата сезона три пати изгубил од Ватфорд.
„Имаа добра сезона, се надевам дека ќе ја повториме оваа година. Клубот покажа голема амбиција, сака да се подобри и јас сакам да бидам дел од тоа“, изјави Јанмат.
Јанмат во Њукасл, кој минатата сезона испадна од Премиер лигата, дојде во јули 2014 година од Феенорд. За Њукасл одигра 77 натпревари во сите натпреварувања. За репрезентацијата на Холандија досега одигра 27 натпревари.
Ватфорд во првите две кола на Премиер лигата освои еден бод, ремизираше со Саутхемптон, а беше поразен од Челзи.
Во вторникот беше елиминиран од Лига купот, го изненади нисколигашот Гилингам.

Најнови вести