Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
06.2.2018

Колапс на Челзи во финишот – „стршните“ немилосрдни

Фудбалерите на Ватфорд го совладаа Челзи на домашен терен со резултат 4-1 во последниот натпревар од 26-тото коло на Премиер лигата, а трите од четирите погодоци во мрежата на шампионот беа постигнати во самиот финиш на натпреварот.

Челзи втор пат по ред разочара, по убедливиот пораз од Борнмут во минатото коло (3-0), повторно е декласиран од екипа од средината на табелата.
Дека ова ќе биде макотрпен натпревар за гостите, се знаеше уште во 30-тата минута, кога тимот од „Стамфорд бриџ“ остана со играч помалку откако Бакајоко доби жолт картон (претходно заработи во 25-тата минута).
Бројната предност „стршните“ ја искористија уште до полувремето, топката длабински ја испрати Јанмат, Деулофеу падна во шеснаесетникот по контактот со Куртуа, судијата Мајк Дин покажа на пенал, а сигурен изведувач беше Трој Дини.
Тој резултат беше актуелен сè до 82-рата минута, кога Азар изведе вистинска минијатура и со прецизен удар од дваесетина метри го совлада Карнезис. Во тој момент се чинеше дека „сините“ ќе успеат да избегнат пораз, но само две минути подоцна, Јанмат влезе од десната страна, одигра двоен пас со Переира и рутински ја затресе мрежата. Прашањето на победникот беше решено во 88-мата минута, по голот на одличниот играч на овој натпревар Деулофеу, а конечниот резултат го постави Переира во 91-вата минута.
Ова е прва победа на Ватфорд над Челзи од 1999 година во Премиер лигата и сега се  наоѓа на 11-тотот место на табелата со 30 бода. „Сините“ се четврти со 50 освоени бода.

Најнови вести