Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2018

Официјално: Ришарлисон во Евертон за 50 милиони фунти

Ришарлисон, досегашниот фудбалер на Ватфорд, од денес е нов играч на Евертон.

Бразилецот со Евертон потпиша петгодишен договор, а во новиот клуб ќе го носи дресот со број 30.
Според наводите на Би-би-си, трансферот е вреден 50 милиони фунти.
Ришарлисон во Ватфорд стигна во 2017 година. Тој постигна пет гола на првите 12 натпревари во Премиер лигата, но од октомври минатата година се нема запишано во листата на стрелците.
Пред Ватфорд, го носеше дресот на Флуминенсе и на Америка Минеиро.

Најнови вести