Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2018

Грасија го замени Силва на клупата на Ватфорд

Фудбалскиот клуб Ватфорд го именуваше Хави Грасија за нов менаџер,откако му даде отказ на Марко Силва поради лошите резултати во Премиер лигата.

Силва со Ватфорд имаше добар почеток на сезоната, па во ноември минатата година стигна понуда од Евертон да ја преземе неговата екипа, но тој ја одби.
Ватфорд ги обвини „карамелите“ дека нивната понуда и пристапот довеле до значајно влошување како на фокусот така и на резултатите кај Силва.
Грасија, 47-годишниот Шпанец, со Ватфорд потпиша договор до летото 2019 година. Тој во тренерската кариера ги предводеше: Кадис, вториот тим на Вилјареал, Олимпијакос од Волос, Алмерија, Осасуна и Малага, со која два пати заврши во првите десет во шпанската Примера лига.
Ватфорд на последните пет натпревари имаше само една победа и моментно е десетти во Премиер лигата со 26 бода. Грасија на клупата ќе дебитира во сабота против Саутхемптон, во натпреварот од четвртото коло на ФА купот.

Најнови вести