Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
20.11.2017

Мојс: Големите играчи нè оставија на цедило

Дејвид Мојс, менаџерот на Вест хем, по неговото деби на клупата на „чеканите“ и поразот од Ватфорд, изјави дека е разочаран од некои играчи.

Ватфорд не негов терен славеше со резултат 2-0, со головите на Вил Хјуз и Ришарлисон, а Енди Керол се најде на удар на гостинските навивачи, коишто претходно ги критикуваше поради тоа што излегле порано од стадионот во текот на натпреварот со Ливрепул, кога Вест хем доживеа дебакл со 4-1.
„Знаев дека ме чека голема работа. Некои големи играчи со големи репутации многу ме разочараа, а Вест хем го оставија на цедило. Очекував дека ќе покажат повеќе. Мора да ми покажат зошто ја имаат таа репутација. Не уживав во ова и очекувам да бидеме подобри. Се обидовме да останеме во натпреварот и да си дадеме шанса, што веројатно и го направивме, но тоа не беше доволно добро“, изјави менаџерот на „чеканите“.
Мојс додаде дека не ја разбира реакцијата на навивачите на Вест хем, кои нивното незадоволство го изразија и со навредување на управата на клубот. Иако се слушаа повици „Мојс аут“, шкотскиот стручњак изјави дека знае дека ја има нивната поддршка.
„Не ја знам историјата, ниту причините. Сметам дека ме поддржаа и им благодарам за тоа. Сега ни се потребни, потребен ни е обединет клуб. Тие навивачи знаат повеќе од мене за историјата, им реков на играчите дека е тешко да се игра пред таква публика, но гол би направил навивачите да се чувствуваат подобро“, изјави Мојс.
Вест хем по 12 одиграни кола, се наоѓа на 18-тото место на табелата на Премиер лигата само со девет освоени доба.

Најнови вести