Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2018

Дијафра Сако направи трансфер во Рен

Дијафра Сако, досегашниот фудбалер на Вест хем, во продолжението на сезоната ќе игра за францускиот Рен.

Двата клуба постигнале договор за трансфер на сенегалскиот напаѓач.
Сако потпишал договор до јуни 2020 година.
„Многу сум среќен што дојдов во Рен. Не сакав да направам трансфер во ниту еден друг клуб“, изјави Сако.
Сенегалецот во Вест хем дојде во 2014 година од Мец. Тој во Премиер лигата одигра 62 натпревари и постигна 18 гола.

Најнови вести