Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Џерард со Ренџерс на мегдан против Роџерс и неговиот Селтик

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, сега предводник на шкотските „ренџери“, за прв пат во тренерската кариера ќе го почувствува најголемото шкотско дерби, „Олд фирм“

Недела е ден за дерби, а токму денес се игра едно од најстарите и најзвучните градски дербија во светот. На „Селтик парк“ арената во Глазгов, кај шампионот на Шкотска гостува Ренџерс на чело со Стивен Џерард.

Екскапитенот на Ливерпул за прв пат ќе го почувствува духот на ова дерби откако седна на клупата на „ренџерите“, а за противник од тренерското столче ќе му биде Брендан Роџерс, менаџерот со кого одреден период соработуваше на „Енфилд“.

Во 314 меѓусебна пресметка Селтик влегува со многу самодоверба, знаејќи дека лутиот ривал не знае за победа против нив уште од 2012 година. Во тој период Ренџерс се опоравуваше од банкротот и мораше да се враќа во елитата од најниско рангираната лига во Шкотска, но сега на чело со Џерард имаат повеќе причини да веруваат во сензација.

Селтик е фаворит во овој дуел знаејќи дека тренерот Роџерс располага со поквалитетни играчи, кои подолго време играат заедно, додека Џерард се уште ја усовршува тактиката со 12 нови засилувања и покрај добриот старт на сезоната. Фактот дека Ренџерс погодија само еднаш против ривалот во последните шест средби, е дополнителен мотив за „Стиви Џи“ да ги натера своите фудбалери да се покажат во добро светло.

Дербито е закажано за 13:00 часот, според нашата понуда Селтик има 1.70 квота за „кец“, за победа во корист на Ренџерс квотата гласи 5, за реми 3.75, додека за оние кои посакуваат голови, квотата за 3+ е 1.70.

Најнови вести