Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2018

Патрис Евра се враќа во Англија

Фудбалскиот клуб Вест хем ќе го ангажира Патрис Евра до крајот на сезоната, пренесуваат британските медиуми.

Евра беше без ангажман од ноември минатата година, кога договорно ја раскина соработката со Олимпик од Марсеј поради тоа што со нога удри еден навивач на клубот пред натпреварот од Лигата на Европа со Виторија Гимараис.
Европската фудбалска унија го суспендира Евра до крајот на сезоната, но ништо не го спречува да игра за лондонскиот клуб во Премиер лигата.
Францускиот фудбалер веќе соработуваше со Дејвид Мос, менаџерот на „чеканите“, додека двајцата беа во Манчестер јунајтед.
Евра од 2006 до 2014 година ги бранеше боите на „црвените ѓаволи“, потоа три сезони играше за Јувентус, а во Марсеј дојде во јануари минатата година. Од почетокот на сезоната забележа вкупно девет настапи за Марсеј.
Најголеми успеси оствари со Јунајтед, со кого освои девет големи трофеи, вклучувајќи ги петте титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите. Претходно играше и за Монца, Ница и Монако.

Најнови вести