Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2017

Лансини суспендиран поради симулирање

Мануел Лансини, фудбалерот на Вест хем, е суспендиран на два натпревара поради симулирање пенал на натпреварот од Премиер лигата против Стоук.

Фудбалскиот сојуз на Англија ја одби жалбата на Лансини и му одреди суспензија, па 24-годишниот Аргентинец го пропушти натпреварот со Арсенал во Лига купот, а нема да игра ниту во Премиер лигата против Њукалс претстојниот викенд.
Лансини во саботата, на натпреварот против Стоук падна во шеснаесетникот по дуелот со офанзивниот играч Ерик Питерс, а судијата на Вест хем му додели пенал и по неговото изведување „чеканите“ дојдоа до предност од 1-0, а ФА оцени дека Аргентинецот симулирал прекршок.
Вест хем синоќа е елиминиран од Лига купот, додека „топчиите“ славеа со минимална победа во градскиот дуел.

Најнови вести