Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.12.2017

„Чеканите“ без Харт во лондонското дерби

Џо Харт, голманот на Манчестер сити кој е на заем во Вест хем, поради повреда ќе го пропушти воведниот натпревар од 16-тото коло на Премиер лигата против Челзи.

Репрезентативецот на Англија од летоска е на заем во Вест хем до крајот на сезоната, а во досегашниот тек на првенството настапуваше на сите натпреварувања, со исклучок на средбата против Манчестер јунајтед одигран минатиот викенд поради клаузулата во договорот.
Се очекува Харт на голот на клубот од источниот дел на Лондон да го замени шпанскиот чувар на мрежата Адријан Сан Мигел, кој уште во 2013 година стигна од Бетис, а во мај го продолжи договорот.
Вест хем по 15 одиграни кола го зазема претпоследното место во Премиер лигата само со десет бодови, колку што има и Кристал палас, а три помалку од Вест Бромич албион, кој е прв над зоната за испаѓање.
Натпреварот меѓу Вест хем и Челзи почнува утре, од 13.30 часот на „Олимпискиот стадион“ во Лондон.

Најнови вести