Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
05.1.2018

Два спектакуларни гола и поделба на бодовите на „Вембли“

Фудбалерите на Тотенхем и на Вест хем одиграа нерешено 1-1 на „Вембли“ во последниот натпревар од 22-рото коло на Премиер лигата.

„Петлите“ ја продолжија одличната низа на нивниот стадион и во последните 29 натпревари имаат само еден пораз, но против градскиот ривал имаа и среќа иако целосно доминираа цели 70 минути.
Екипата на Маурисио Покетино го диктираше темпото и на сите начини се обиде да го најде патот до голот на „чеканите“, но првиот удар на играчот на Вест хем заврши зад грбот на Уго Љорис.
Спектакуларниот погодок за гостите во 70-тата  минута го постигна Педро Обијанг, Шпанецот од 30 метри испрати ракета за целосен шок на „Вембли“.
Во 77-мата минута од средбата, Кујате имаше шанса да ја удвои предноста на неговиот тим, топката му се лизна од главата и заврши покрај голот. 
„Петлите“ немаа избор, ниту решение како да го совладаат Адријан, а потоа се појави Сон Хеунг-мин. Кореецот во 84-тата минута со одличен удар од голема оддалеченост му донесе изненадување на Тотенхем.
Ниту тука не беше крајот на возбудувањата, а поблиску до победа беа гостите. Ају во 86-тата минута излезе сам пред Љорис, но Французинот успеа да го запре неговиот удар и топката ја испрати во корнерот.

Најнови вести